Добриот дизајн на корисничко искуство ќе ги задржи посетителите на вашиот веб сајт. Лошото корисничко искуство ќе ги натера да отидат на друго место. Во овој курс ќе научите како да ги употребите основните, едноставни принципи на UX дизајнот во вашиот сајт, за тој да се однесува на начинот кој го сакаат и очекуваат корисниците.

Во овој курс ќе дознаете што сакаат луѓето од веб сајтовите, како пребаруваат информации, како читаат на интернет, како да ја структурирате содржината за да го искористите ова истражување. Ќе научите како да ги употребите графиките за да им помогнете на посетителите, како да интегрирате видео, аудиот и друг тип на медиуми, и кога да употребите интерактивна, наспроти статичка содржина. Потоа, ќе умеете да ги погледнете вашата почетна страница, формуларите, страниците со продукти и содржината, со очите на вашите корисници, за да изградите сајт кој повеќе одговара на нивните потреби. Исто така, ќе знаете и како да направите рамнотежа помеѓу содржината и рекламирањето.

Курсот Вовед во UX е составен од 7 составни дела:

  1. Истражувања 
  2. Архитектура на информации
  3. Логика и содржина
  4. Правење прототипи
  5. Стратегија на содржина
  6. Тестирање употребливост
  7. Пристапност

Во курсот Техники на UX дизајн ќе ги разгледаме шесте чекори на процесот на дизајнирање фокусиран на корисникот: собирање и анализирање кориснички податоци, креирање персони, употреба на техниките за креирање на нови концепти, правење визуелни сценарија, дизајнирање и тестирање прототипи, и потоa, планирање на циклусот на развој со сите овие информации. Ќе ви помогнеме да ги разберете придобивките на дизајнот кој се фокусира на корисникот, и ќе ви понудиме совети за тоа како да го ангажирате целиот тим.

Дизајнот на интеракција се фокусира на креирање интерфејси, системи и уреди кои се вртат околу корисничкото искуство. Во овој курс ќе ви покажеме како да дизајнирате интеракции за секој дигитален медиум. Курсот го истражува процесот на дизајнирање интеракција, објаснува како работат дизајнерите на интеракција и во детали зборува за принципите на дизајнот на интеракција: конзистентност, можност да се научи, видливост, предвидливост и повратна информација. Исто така се воведуваат и основните психолошки концепти и улогите на контекстот, мотивацијата и перцепцијата во дизајнот. Курсот ќе ви ги покаже најдобрите практики и како да дизајнирате за мотивација и однесување и да им обезбедите повратна информација на посетителите.

Axure е алатка за правење жичени модели и прототипи за веб дизајнери и дизајнери на корисничко искуство. Може да ја употребите за да креирате текови, мапи на сајт, жичени модели со кликнување, и обемни и целосно интерактивни прототипи а овој курс ќе ви покаже како тоа да го направите. Ќе ве запознаеме со готовите widget-и, функционалните елементи на формулари и динамичката содржина која може да се скрие, поместува, па дури и анимира. До крајот на овој курс, ќе можете да креирате прототипи кои ќе ви помогнат да ги пренесете вашите дизајни на вашите клиенти и програмери, па дури и да извршите огромно тестирање употребливост со можните корисници.