Дали сте нови во веб дизајнот? Почнете од тука. Во овој курс ќе ве запознаеме со основните концепти, алатки и патеки на учење за веб дизајн. Ќе ви објасниме што значи да сте веб дизајнер, кои се различните области на специјализација во полето, и дали веб дизајнот е соодветно хоби или кариера за вас. Ако сакате набрзина да поставите нешто на интернет, погледнете го поглавјето за поставување содржина, избирање име на домен и веб хост. Дали сакате да го збогатите својот комплет со алати? Научете што сé ви е потребно за да креирате нов веб сајт, почнувајќи од софтверот за веб дизајн и системите за управување со содржина, па завршувајќи со тестирање, правење прототипи и работни рамки за развој. Во курсот ќе ви ги прикажеме патеките по кои може да се движите во процесот на учење, и на кратко ќе позборуваме за стандардите и пристапноста, прилагодливиот дизајн, и трите основни веб технологии: HTML, CSS, и JavaScript.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Го употребувате секој ден за трансакции на пари, за истражување, за пазарење и социјални медиуми,  но, дали знаете како работи? Во овој курс, ќе ве запознаеме со технологијата која стои зад вебот, терминологијата и начинот на кој сите работи се вклопуваат за да овозможат веб сајтовите да работат. Курсот дава краток преглед на вклучените технологии (HTML, CSS, URL, DNS, HTTP, и  IPv6), и ја објаснува разликата помеѓу front end (она што го гледаме) и back end (она што не може да го видиме) на вебот, а сето тоа во водич низ светот на домените, серверите, базите со податоци и технологиите на  "едноставен македонски јазик".

ПРИЈАВУВАЊЕ

Корисничкото искуство (UX) е кариера која нуди многу погодности. Успешните UX професионалци може да ја подобрат технологијата за истата да биде поефикасна, поефективна и повеќе задоволителна за оние кои ја употребуваат. Но, каде почнува кариерата во UX?

Во овој курс, ќе ги разгледаме под-дисциплините на корисничкото искуство (дизајн, истражување и стратегија), за да може да дознаете повеќе за различните работи кои ги усогласуваат вашите јаки страни и желби. Курсот треба да ви помогне да ги разберете обврските на професиите, но и придобивките од работењето со полно работно време за команија, наспроти консултантска работа и хонорарен ангажман. Ќе зборуваме како да изградите попривлечно резиме и портфолио и да сте сигурни дека соодветно се брендирате себе си како UX професионалец.

Курсот нуди фокусирани совети за кариера за луѓе кои бараат работа, совети за регрутери и работодавачи кои сакаат подобро да го разберат полето на UX, и неопходна рамка за дипломираните/недипломираните студенти кои го разгледуваат следниот чекор во својата кариера.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Ве интересира како изгледа учењето на иднината?

За да Ви овозможиме да добиете појасна слика за тоа како изгледа ваквиот вид учење на платформата MyMentor, го подготвивме овој демо курс кој е составен од извадоци од сите наши курсеви во категоријата Microsoft Office.  За секој од курсевите поставивме по неколку снимени предавања, датотеки за вежбање и домашни задачи. Освен тоа, за да откриете точно што се би можеле да научите во одреден курс, поставивме и детален приказ за секој од нив.

За да го погледнете овој курс, најавете се како:
корисник: demo лозинка: MyMentor#1