Курсот Визуелен дизајн е составен четири составни дела:

  1. Естетика за веб дизајн
  2. Основи на боја
  3. Распоред и композиција
  4. Мрежи

Добрата типографија може да додаде моќ во вашиот дизајн и вашата порака, независно дали станува за дизајн на екран или во печатена верзија, анимирана графика или статичка графика, 3D или 2D. Овој курс ги објаснува добрите типографски практики, за да може да развиете око за фонт и да разберете како истиот ефикасно да го употребите. Ќе ја објасниме класификацијата на фонтови (serif vs. sans serif, фонт за приказ vs. фонт за текст), како се мери, скалира и организира фонтот, и како празниот простор и порамнувањето може да влијаат на вашиот дизајн. Ќе погледнете како да употребите кернинг, белина помеѓу буквите, проред и должина на ред, ќе поразговараме за историјата и моменталните трендови во типографијата. Курсот ги покажува принципите на читкост, читливост и компатибилност, и начинот на кој треба да ги следите кога селектирате фонт и дизајнирате текст.

Усовршете ги претходно стекнатите вештини кои ги стекнавте во курсевите за Photoshop и Illustrator работејќи на практични проекти. Курсот е составен од 13 интересни проекти кои ги покриваат некои од најчестите работи со кои ќе се соочите како веб дизајнер:

  1. Генерирање графики со Adobe генератор
  2. Автоматизирање на веб графики
  3. Употребување маски за отсекување
  4. Креирање помали графики со PNG-8
  5. Конвертирање Illustrator датотеки во HTML5 Canvas
  6. Добивање CSS од Photoshop
  7. Снимки на слоеви
  8. Креирање повеќе големини на графики
  9. Креирање оптимизирани датотеки со Slice
  10. Креирање паметни објекти
  11. Анимации со Sprite листи
  12. Креирање видео графики и анимација
  13. Употребување симболи во SVG