WordPress движи милиони блогови и вебсајтови. Ако сакате да научите како да креирате свој, ова е вистинското место од каде што треба да започнете. На овој курс ќе научите како да креирате и објавувате постови и страници, да го прилагодувате сајтот со помош на теми, виџети, прилагодени менија но и да ја проширите функционалноста на WordPress со употреба на додатоци. Исто така, ќе научите како да стекнете поголем број читатели со помош на споделување содржини и коментирање на социјалните мрежи и да ги поставите параметрите така што вашиот сајт ќе биде сигурен и безбеден.