Ако сакате да градите апликации за мобилни уреди, десктоп компјутери, или веб, треба да знаете да работите со Java. Овој курс ви ги обезбедува основите за учење Java SE (Standard Edition), за да можете да ги креирате првите апликации и да почнете да го истражувате јазикот. Ќе ви покажеме како да инсталирате Java и IntelliJ IDEA IDE, и да почнете да работите со варијабили, типови на податоци, клучни зборови и други важни компоненти на јазикот. Ќе ви покаже како да го контролирате текот на програмата со условна логика и циклуси, да чувате податоци со Java Collections Framework, и да разберете како Java ги имплементира принципите на објектно-ориентирано програмирање како наследство и полиморфизам.

Сакате да развивате апликации во Android? Потребно ви е Android Studio—единствениот IDE кој е целосно поддржан од  Google за развој на Android апликации. Овој курс е целосно коригирана верзија за најосновните карактеристики и опции на последната измена на Android Studio (верзија2.0) и важните ресурси како Java Development Kit и Intel HAXM. Во курсот ќе ве запознаеме со интерфејсот на Android Studio, ќе ви помогнеме да ја прилагодите околината и ќе ви обезбедиме кратенки за пишување и дебагирање на кодот. Ќе можете да научите како да ги мониторирате CPU и искористеноста на меморијата, да употребувате образци, точки на прекин, и исклучоци, и да додавате контрола на верзии интегрирајќи го Android Studio со GitHub.

Научете сè што треба да знаете за да може да почнете да креирате Android апликации со Android Studio и Android SDK. Курсот почнува со краток преглед на историјата на Android и последната верзија, Android 6.0 (познат како Marshmallow). Потоа, откако ќе ја прилагодиме околината за развој, ќе ви покажеме како да подготвите физички и виртуелни уреди за тезтирање и да креирате нов проект: апликација за пазарење за фиктивна компанија за спортска опрема. Употребувајќи ја оваа пример апликација, ќе ви демонстрираме како да дефинирате кориснички интерфејс со XML и виџети, да го контролирате однесувањето на апликацијата со Java, да прилагодите  навигација на "екран помеѓу" и да прикажете листа на податоци и слики. Дополнително, ќе научите како да обезбедите поддршка за различни екрани и густини на пиксели на повеќе од 24.000 аndroid модели, колку што се моментално на пазарот.