HTML е програмскиот јазик кој го движи интернетот. Како и со секој друг јазик, откако ќе го совладате, ќе може да креирате сопствени содржини, независно дали тоа ќе бидат едноставни веб страници или комплексни веб апликации. Овој курс ви обезбедува детален преглед на основите на HTML вклучувајќи ја неговата  синтакса и најдобрите практики за пишување и уредување на вашиот код. Ќе ја научите структурата на еден типичен HTML документ и начинот на кој може да правите секции на страниците и да ја форматирате сопствената содржина, како да креирате листи и линкови, и како HTML работи заедно со CSS и JavaScript за да креира богато и привлечно корисничко искуство.