Барате начин да додадете динамичка содржина, податоци од трета страна или анимации на вашиот сајт или апликација? Престанете со потрагата. Во овој курс ќе научите како да ги искористите придобивките на jQuery, open-source JavaScript библиотеката, со која ќе го поедноставите процесот на додавање дополнителна функционалност на веб проектите. Прво, ќе научите како да го употребите jQuery за да извлечете содржина од страницата и да работите со истата со jQuery и CSS. Следно, ќе видите како да изградите нова, динамичка содржина и да ги употребите jQuery настаните за да одговорите на акциите на корисникот. На крајот ќе ви покажеме како да додадете анимации и ефекти од вградените библиотеки на jQuery, и да пристапите до податоци на далечина преку AJAX.