Попусти за групи

Имате потреба од обука на повеќе вработени за различни курсеви? Ве загрижува тоа што секој од нив има густ распоред на обврски, малку слободно време а Вам сето тоа Ви изгледа невозможно да го ускладите? Имате скромен буџет за обука?

Не грижете се. Сега имате можност да ги решите сите овие проблеми.

Изберете кои од понудените курсеви Ве интересираат, кој пакет на услуги Ви е најприфатлив и кажете ни колку лица треба да ја завршат обуката и ќе Ви доставиме понуда која тешко ќе можете да ја одбиете!

Не грижете се ако Вашите вработени не можат во ист момент да ја следат обуката. Со групната набавка на лиценци за обука ќе добиете ваучери кои Вашите вработени ќе можат да ги активираат според потреба. Ваучерите се со важност од 12 месеци така што секој од Вашите вработени ќе може да избере кога да ја помине обуката а Вие да го задржите попустот.

Дури и ако станува збор за само 5 курса, ќе Ви обезбедиме попуст на вкупната цена и ќе Ви одобриме одличен групен попуст. Колку е поголем вкупниот број курсеви, толку ќе биде поголем и вкупниот попуст. Можете да изберете различни курсеви и повторно да го добиете попустот.

За да ја добиете Вашата понуда контактирајте не’ на contact@mymentor.edu.mk.

Последна промена: Wednesday, May 11 2016, 4:05 PM