Независно дали сте искусен професионалец или некој кој неодамна си купил фотоапарат, вашата најдобра инвестиција ќе биде да научите како на најефикасен и најефективен начин да го употребувате Photoshop за да добиете најмногу од вашите слики. Во курсот ќе научите како да го филтрирате шумот и комплексноста и како да ги добиете резултатите кои ги посакувате. Курсот се концентрира на подобрување и составување на фотографии, автоматизирање на делови од процесот, отсекување, ретуширање и комбинирање повеќе слики. Дополнително, ќе може да видите како да работите со елементи кои во основа не се слики, како форми и видеа. Овој курс ќе ви ги открие тајните на недеструктивното уредување со Camera Raw, слоеви, маски, режими на мешање, паметни објекти, филтри и друго.

Illustrator е неспоредливо добра алатка за дигиталните уметници, а Adobe ја однесе дури и чекор понапред со Creative Cloud 2015. Овој курс ви ја покажува моќта и функционалноста кои ги имате на располагање во Illustrator, нудејќи ви целосен преглед, од инсталирање до експортирање на завршените документи. Ви објаснува како да работите со слоеви и простор за цртање, што впрочем е основното, двојно јадро на недеструктивниот работен тек во Illustrator. Дополнително ве учи како да цртате и трансформирате основни објекти. Курсот ги покрива линиите, боите, ефектите и типографијата кои може да ги употребите во вашите дизајни. На крајот од курсот, ќе видите како да ја испечатите и експортирате завршената работа, за да може потоа да ја споделите со останатите. Почнете со овој курс и научете сé што ви е потребно за во иднина да може да дизајнирате, цртате и илустрирате со Illustrator.

Пејзажот на веб дизајнот постојано се менува, но Фотошоп се уште е класика. Дизајнерите го користат за да создадат елементи за кориснички интерфејс, веб графика, жичени модели и функционални прототипови. Приклучете ни се на курсот за да откриете како Photoshop се користи во модерниот веб дизајн. На курсот ќе научите како се создаваат прототипови составени од прилагодливи шаблони, целосно развиена тема со бои и фонтови, UI комплет полн со копчиња, елементи за навигација, полиња за потврдување, како и други елементи на интерфејсот подготвени за користење. Ќе научите како се оптимизира веб графика, создаваат спрајтови, и како се интегрираат други апликации како Illustrator и Muse во процесот на работа.

Овој курс е креиран за да им помогне на новите дизајнери и оние кои сега влегуваат во дигиталниот свет да разберат како Illustrator се вклопува во модерниот веб дизајн. Курсот ги покрива основните концепти и помага да ја разберете важноста на големината на екраните, и разликата помеѓу големината и резолуцијата. Ви помага да прилагодите функционален работен простор и ви демонстрира како да работите со моделите на веб бои. Последното поглавје од курсот се фокусира на прилагодливиот дизајн, а курсот завршува со практична вежба во која секој слушател треба да креира сопствен прилагодлив образец.