Научете ги техниките на оптимизација на пребарувачи за да ја зголемите посетеноста на вашиот веб сајт преку резултати од пребарување на пребарувачи како Google и Bing и привлечете вистински тип на сообраќај на соодветни страници на вашиот сајт. Научете како да ги читате страниците со резултати од пребарување и откријте го вашето рангирање, за да видите како рангирањето влијае на бизнисот, независно дали е мал или голем. Потоа, научете како да ги имплементирате основните стратегии и техники за оптимизација, меѓу другото и како да правите истражување за клучни зборови, да го измерите напредокот и успехот, и да испланирате долгорочна стратегија за оптимизација на пребарувачи. Ќе добиете посебни совети за SEO за е-тргување, локално пребарување и мобилна публика.

Постојат две страни на оптимизацијата за пребарувачи (SEO): оптимизација на самата страница и оптимизација надвор од страницата, т.е on-page и off-page оптимизација.  Off-page значи добивање линкови од други сајтови кон вашиот сајт, со што се засилува позицијата на вашиот сајт во резултатите од пребарувања кај пребарувачите. Во овој курс ќе ја разгледаме анатомијата на линковите, како тие влијаат на рангирањето на страницата, и ќе ја погледнеме вредноста на влезните линкови. Исто така, ќе ги дискутираме реципрочните линкови, ќе го разгледаме градењето на линкови преку соопштенија за печат, блогови и текстови, и ќе ја објасниме важноста на квалитетните линкови кои им се допаѓаат на пребарувачите.

Овој курс се фокусира на два елементи од веб развојот: пристапност и оптимизација за пребарувачи (SEO), демонстрирајќи зошто тие се важни и како функционираат заедно. Во курсот ќе ви покажеме како добрите практики во програмирањето и модерните веб стандарди може да го направат вашиот веб сајт попристапен и повеќе видлив за пребарувачите и социјалните мрежи.

Привлечете повеќе посетители на вашиот WordPress сајт со оптимизација на пребарувачи употребувајќи два моќни додатоци. Иако WordPress ова го прави добро и самиот, вие можете да го направите повидлив за пребарувачите и социјалните мрежи. Научете како да ги искористите двата најдоминантни SEO додатоци—All in One SEO Pack и Yoast's WordPress SEO—и употребете ги за да го засилите вашето присуство на интернет.