GitHub стана индустриски стандард на платформа за контрола на верзии и објавување. Покрај тоа што е неопходен за веб програмерите, тој е одличен и за веб дизајнерите. Овој курс има за цел да им покаже на веб дизајнерите како GitHub може да го подобри нивниот работен тек и да им помогне во креирањето и објавувањето на сајтови. Ќе ви покажеме како да се регистрирате и да отворите корисничка сметка, а потоа и да инсталирате GitHub клиент и Git, (системот за контрола на верзии на кој се базира GitHub) на вашиот компјутер. Дополнително ќе видиме како да го употребите Github за да работите со членови на тимот и соработниците на open-source проекти.