Употребете JavaScript за да додадете нови опции со побогат и попривлечен кориснички интерфејс на вашата веб страница. Овој курс ви овозможува да останете во тек со најдобрите практики и практичната употреба на JavaScript. Ја покрива основната синтакса на програмскиот јазик, работата со DOM, и развојот и решавањето на грешки кај повеќе платформи, уреди и прелистувачи. Овој курс ќе ви покаже како прогресивно да ги подобрите и полека да ги разложите вашите веб страници, а и како да ги искористите придобивките од светот на JavaScript библиотеките кои во моментов ви се на располагање.