Независно дали ќе го подобрувате или оптимизирате постоечкиот код или едноставно почнувате од почеток, не постои подобро време од сега за да почнете да ги интегрирате објектно-ориентираните веб техники. Овој курс ќе ви покаже како да ги интегрирате принципите на објектно ориентираното програмирање во веб страница или апликација изградена со PHP. По кусиот преглед за тоа што се објектите и класите, и зошто да ги употребувате, ќе почнеме со креирање на објекти и правење нивни инстанци, потоа ќе дефинираме врски на класи и интеракции кои ќе се дел од вашиот главен арсенал за програмирање. Овој курс ќе ви покаже како да ја искористите моќта на PHP објектите и да имплементирате дизајн модели, и ќе ви ги даде чекорите со кои може да продолжите да додавате алатки во вашиот алатник како програмер.