Одговори на најчесто поставувани прашања

1. КУРСЕВИ


П. Кои се клучните составни делови на курсевите?
О. Сите курсеви на MyMentor составени се од однапред снимени предавања односно инструкциски видеа на македонски јазик, датотеки за вежбање и дополнителни домашни задачи. Освен тоа, на учениците им стои на располагање и дедициран ментор со кого имаат on-line менторска сесија.


П. Кои се предусловите за следење ваква обука?
О. За успешно следење менторска настава на далечина, потребно е да се поседува персонален компјутер со звучници и микрофон и интернет конекција.


П. Како започнува следењето на избраниот курс?

О. Штом го платите курсот, од вашиот продавач ќе добиете ваучер со код за пристап. Овој код ќе му го испратите по е-пошта на администраторот на MyMentor, притоа назначувајќи од кој датум би сакале да го започнете курсот. Администраторот ќе ве регистрира во системот и ќе ви испрати корисничко име и лозинка и напатствија за користење на системот.


П. Колку долго можам да му пристапувам на курсот?
О. На курсот можете да му пристапувате 30 дена од денот кој вие ќе го одредите за почетен.


П. Дали можам да ги превземам материјалите за курсот?
О. Предвидени материјали кои можете да ги превземате и печатите се домашните задачи. За разлика од нив, видео материјалите нема да можете да ги превземете. Нив можете да ги гледате on-line неограничено, се до истекот на траењето на курсот.


2. МЕНТОРИРАЊЕ


П. Што опфаќа менторирањето?
О. Постојат два пакета на менторски услуги, Standard и Premium. Пакетот Standard опфаќа прегледување на домашните задачи предвидени со избраниот курс и добивање фидбек. Премиум пакетот опфаќа истото што и основниот пакет + еден менторски час за 1-на-1 консултации во траење од 45 минути по курс.


П. Како во пракса функционира менторската сесија?
О. Менторската сесија се изведува on-line во термин кој претходно ќе го договорите со вашиот ментор. За реализација на менторската сесија, од вас ќе се побара да инсталирате посебен софтвер за оваа намена. Во договорениот термин, по воспоставувањето на аудио-визуелната врска, вашиот ментор ќе има можност да го гледа вашиот екран (по потреба и вие можете да го гледате неговиот екран) и да има контрола врз вашето глувче и тастатура што ќе му овозможи да ви ги објасни нејасните работи а вие ќе имате чувство како тој да се наоѓа до вас. За време на менторската сесија нема да го гледате менторот, ниту тој вас. Она во кое што ќе гледате е вашиот и/или неговиот екран.


П. Дали менторската сесија може да се подели на помали сесии?
О. Една менторска сесија може да се подели на три сесии од по 15 минути.


П. Колку менторски сесии се вклучени во цената на курсот?
О. Една менторска сесија во траење од 45 минути е предвидена само во премиум пакетот.


П. Кога е најпожелно да ја закажам менторската сесија?
О. Најдобро е прво да го поминете сами материјалот следејќи ги снимените предавања а дури потоа да закажете менторска сесија. Во интерес на времето, подготвувајте го список со прашања додека го поминувате материјалот а доставете му го на менторот тогаш кога ќе сакате да закажете менторска сесија.


П. Дали можам да добијам дополнителни менторски часови и како тоа да го сторам?
О. Дополнителни менторски часови можете да добиете во било кое време. Овие часови претходно треба да бидат платени.


П. Каде и кога треба да се сретнам со мојот ментор?
О. Со вашиот ментор ќе се сретнете on-line во термин кој меѓусебно ќе го договорите.


П. Во кои денови и во кој дел од денот се организираат менторските сесии?
О. Менторските сесии се организираат во термин кој меѓусебно ќе го договорите со вашиот ментор.


3. ДОМАШНИ ЗАДАЧИ


П. Дали морам да ги изработам и предадам сите домашни задачи?
О. Доколку сакате да добиете сертификат за успешно завршен курс, тогаш ќе морате на време да предадете најмалку 80% од вкупниот број домашни задачи.


П. Како се доставуваат изработените домашни задачи?
О. Домашните задачи се предаваат за секое поглавје поединечно, со тоа што претходно треба да ги архивирате во една zip или rar датотека која ќе биде со име во форма Домашни задачи – глава Х – вашети име и презиме. zip (или rar) а потоа ги качувате во рамки на MyMentor платформата.


П. Дали може да ги испратам домашните по eлектронска пошта?
О. Не. За да бидат евидентирани како примени, домашните мораат да се испратат исклучиво преку MyMentor платформата.


П. Во кој рок треба да се предадат домашните задачи?
О. Домашните се предаваат се до истекот на траењето на курсот. Најдобро е прво самите да си направите тоа да го правите барем еднаш во неделата.


П. Што ќе се случи ако не успеам да ги предадам сите домашни задачи?
О. Ако воопшто не ги предадете домашните задачи нема да добиете сертификат за успешно завршен курс. За задоцнето праќање домашни задачи се плаќаат пенали во износ од 150 ден по поглавје.


П. Што ако домашните се неточно изработени?
О. Ако домашните се изработени на неточен и неприфатлив начин, ќе добиете известување и ќе морате да ги преработите и доставите до истекот на рокот.


4. ТЕСТИРАЊЕ НА ЗНАЕЊЕ И ИЗДАВАЊЕ СЕРТИФИКАТ


П. Како се тестира знаењето?
О. Стекнатото знаење се проверува систематски во текот на целиот курс со проверка на изработените домашни задачи.


П. Дали постои финален испит?
О. Во моментов не е предвиден посебен финален испит.


П. Дали по завршувањето на курсот се добива некаков документ?
О. Да, по успешното завршување на курсот се добива сертификат. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи за секое поглавје од избраниот курс. Доставените домашни задачи потребно е да бидат правилно изработени, во спротивно нема да бидат прифатени и ќе мора да се преработат и достават повторно.


П. Како и кога ќе го добијам сертификатот за завршен курс?
Сертификатот за завршен курс е во електронска форма а ќе го добиете по електронска пошта по успешното завршување на курсот.


П. Колку чини само сертификатот?
О. Сертификатот е вклучен во цената на курсот во пакетите Standard и Premium и не се наплаќа дополнително. Или, поинаку кажано, сертификатот не се продава поединечно. 



Не можете да најдете одговор на вашето прашање?

Испратете го Вашето прашање на contact@mymentor.edu.mk и одговорот ќе го добиете во најкус можен рок.

Последна промена: Wednesday, May 11 2016, 3:59 PM