Англиски јазик за деца (6-9 одд.)

Курсот за англиски јазик за ученици од 6 до 9-то одделение се изведува според истата програма по која се изведува наставата во основните училишта. 


Наставата трае една учебна година а се изведува со динамика од 2 школски часа по 55 минути неделно. 

За разлика од традиционалниот пристап во учењето, учењето јазик во MyMentor е процес составен од две компоненти:

  1. Учество во интерактивни сесии, два пати неделно во однапред утврден термин. Овие сесии главно се предвидени за развивање на вештината зборување преку конверзација. За време на овие сесии учениците имаат можност да го практикуваат наученото така што ќе дискутираат со членовите од групата на определена тема.

  2. Самостојно учење во термин по избор. Овој дел се реализира на тој начин што на ученикот му се даваат однапред утврдени активности кој тој треба самостојно да ги заврши во време кое му одговара. Целта на овие вежби е развивање на останатите три вештини: читање, пишување и слушање.

Наставата се изведува во виртуелна училница која учениците ја следат од дома, со помош на својот компјутер. За следење ваков вид настава потребно е ученикот да поседува компјутер со звучници и микрофон (или само слушалки со микрофон) и интернет конекција.

Комбинацијата од работа во група со наставник во виртуелна училница и самостојна работа на интерактивни задачи е она што ќе овозможи вашето дете лесно, квалитетно и на забавен начин да го совлада англискиот јазик.

Цена за едно полугодие:

  • во готово: 3.600 ден
  • на рати: 4 рати по 1.000 ден

Попуст: 10% попуст за второ дете од исто семејство

Промотивно: 2 недели гратис!

Секој новозапишан ученик добива две недели гратис настава која се добива со уплаќање аванс во висина од 500 денари. По истекот на првиот месец доколку не сте задоволни од услугата, немате обврска за натамошни плаќања. Доколку сте задоволни, авансот ќе ви биде одбиен од вкупната цена на курсот.

Плаќањето за курсот се врши исклучиво преку банка, на следнава жиро сметка:

МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА
с-ка: 300000003657518
Комерцијална банка АД Скопје
Цел на дознака: Курс англиски јазик, за <име и презиме на ученикот>, за месец ...

Штом ја извршите уплатата, испратете ни потврда за уплата на contact@marjanovik.edu.mk

Плаќањето на курсот се врши пред почетокот на курсот.

Ако изберете плаќање на рати, уплатата треба да ја направите на почетокот на месецот, односно пред почетокот на наставата.

За да обезбедите место за вашето дете, прв чекор е да ја пополните пријавата.


По приемот на вашата пријава ќе бидете контактирани од наставникот во врска со утврдување термин за настава. Потоа, доколку терминот и условите ви одговараат, ќе треба да го извршите плаќањето


Последна промена: Tuesday, September 13 2016, 9:17 PM